Фудбалската топка ја замени со ракометна и сега е еден од најдобрите во Загреб

Хрватскиот 23-годишен среден бек Филип Вистороп кој настапува за екипата на Загреб беше еден од најзаслужните што неговиот тим стигна до победата во полуфиналето од СЕХА лигата и се бореше за титулата.

Вистороп во полуфиналето постигна осум погодоци и го водеше својот тим до конечен триумф. Хрватот, кој од Зрињски Мостар каде што ја започна кариерата премина во Загреб, пред ракомет започнал да тренира фудбал.

„Шест години играв фудбал во Зрињски, одиграв многу сериозни натпревари. Мислам дека стигнав до кадети, играв на позиција стопер затоа што бев највисок во својата генарација. Од непозната причина едноставно престанав да тренирам фудбал, играв само рекреативно со пријателите. Еднаш отидов на ракометен тренинг и ми се допадна спортот и така продолжив. Започнав во Зрињски, па потоа една година во Метковиќ и повторно се вратив во првиот клуб. Кога пристигна понудата од Загреб воопшто не размислував и заминав“, изјави Вистороп за „Вечерњи лист“.

Филип Вистороп го носи дресот на Загреб од 2018 година, а според изданијата во првите натпревари од новата сезона се очекува да биде предводник во тимот на Ивица Обрван.