Фудбалот станува како ракометот?!

Светската фудбалска федерација, ФИФА, многу наскоро подготвува вистинска револуција во фудбалот.

Една од главните промени би требало да биде времето на едно полувреме во фудбалот, а најавено е дека ќе биде 30 минути, и дека кога топката ќе биде надвор од теренот, исто како во ракометот, играта ќе биде прекината.

Исто како во ракометот, двајцата тренери, за разлика од досегашните три замени во текот на мечот, би имале неограничен број на замени.

Кога некој од фудбалерите ќе добие жолт картон, би требало да мине пет минути надвор од теренот, слично како казната во ракометот од две минути, па така фудбалот би добил многу повеќе на атракција, на брза игра, на многу повеќе голови…

Првичните најави се дека овие промени, ФИФА ќе ги „тестира“ на турнирите за играчи до 19 години, а веројатно за неколку години ќе биде јасно колку фудбалот ќе стане сличен на ракометот.