Франција остана без една од ѕвездите за ЕП во Македонија!

Еден од фаворитите за подиумот на претстојното Европско првенство во Македонија, Словенија и Црна Гора, селекцијата на Франција, во Скопје ќе допатува ослабена.

Првиот голман Лора Глосе ќе го пропушти континенталниот собир и нема да настапи на дуелите со Македонија, Романија и Холандија.

Нема премногу детали за типот на повредата, но таа бара неколку недели мирување, па Глосе ќе го прескокне ЕП.

Селекторот на Франција, Оливие Крумболц, веднаш повика замена, па друштво на Клеопатра Дарле и Флоријан Андре, ќе им прави голманката Камил Депуизе.

Македонија и Франција ќе се соочат на 5 ноември во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.