Франција и Швајцарија заеднички во трка по ЕП 2026

Во време кога ракометот низ светот полека се обидува да се врати во потребниот ритам, во Франција и Швајцарија се размислува за организација на Европското првенство во 2026 година.

За време на состанокто кој беше одржан по пат на видео конференција Франција одлучи да одговори позитивно и со Швајцарија да влезе во трка за првенството кое треба да се одржи на неполни шест години.

Ова ќе биде нова можност Французите да бидат домаќини на големо натпреварување. Тие во 2017 година беа домаќини на СП во машка конкуренција, а потоа во 2018 година на Европското првенство за жени. Во 2024 година Париз ќе биде организатор на Олимписките игри, па доколку биде добиено ЕП во 2026 година тоа ќе биде уште еден настан на кој ќе може да се следи силен ракометен турнир.

Домаќинот ќе биде познат на 28 ноември годинава.