Фленсбург ја обезбеди иднината на позиција десен бек

Репрезентативецот на Норвешка, Магнус Род и Фленсбург го обновија договорот. Новиот договор е со важност до 2023 година со што бундеслигашот ја осигура позицијата десен бек.

Претходниот договор на Род беше со важност до 2022 година. Младиот 22 годишен ракометар во составот на Фленсбург настапува од 2017 година. Задоволството од продолжувањето на договорот го истакна и тренерот на Фленсбург, Мајк Макула.

„Магнус оствари неверојатен напредок во последните две сезони. Тој е вистински Викинг, не се плаши да преземе одговорност и ги поддржува соиграчите. Тој има голем потенцијал и навистина сум среќен што помогнав да напредува“, коментираше Макула.