Фленсбург најде замена за Ване, доаѓа нов скандинавец

Бундеслигашот Фленсбург доведе замена за левото крило Хампус Ване кој на лето се сели во Барселона.

На германскиот тим на лето ќе му се придружи норвешкото крило Аугуст Педересен кој во овој момент настапува за Дремен. Трансферот го потврди Педерсен.

„Кога дојде понудата од Фленсбург не ми требаше долго време да размислувам. Сакав да го направам чекор напред во кариерата и верувам дека на вистински пат ќе се развивам во овој прекрасен тим. Навистина ми се допаѓа Фленсбург, Бундеслигата и Лигата на шампионите. Сонувам да настапувам со голем успех“.

Тренерот на Фленсбург Мајк Махула истакна дека ќе биде одличен конкурент на Емил Јакобсен.

„Добар е во одбрана и контранапади. Неговите квалитети беа пресудни да се одлучиме да го доведеме. Емил Јакобсен уште еднаш го покажа квалитетот на Европското првенство и во него имаме целосна доверба. Агугуст одлично се вклопува со размислувањата на тимот. Сигурен сум дека ќе биде добар партнер со Емил“, изјави Махула.