Финска доаѓа во Скопје без најдобриот ракометар!

Првиот противник на репрезентацијата на Македонија во рамките на квалификациите за Европското првенство, Финска, ќе допатува во Скопје без најдобриот ракометар – Нико Ронберг.

Ола Линдгрен нема да може да смета на средниот бек на францускиот Иври, кој заздравува од повредата.

„За жал, морам да се откажам од тоа што го сакам најмногу – да игра во националниот тим. Сепак морам да мислам и на здравјето. Повредата на абдоменалниот мускул веќе поминува, но се уште е рано за да тренирам и играм во полн ритам. Момжеби ќе играм за клубот во сабота, но тоа ќе зависи од тренерот“, вели Ронберг за „Свенска“.

Македонија ќе игра со Финска на 4 ноември во СЦ „Борис Трајковски“, а гостите во своите редови ќе го имаат левото крило Тему Таминен од шампионот Кокс. Линдгрен во Скопје ќе смета и на четворицата интернационалци – Клама од Бергишер, Хеландер од Алингсас, Килштат од Варберг и Којонен од Фјелхамер.

Селекторот на нашата репрезентација, Данило Брестовац, веројатно нема да смета на ракометарите од Вардар и Металург за овој прв натпревар.

Список на Финска:

Михаел Макела – Дикен
Патрик Росландер – Дикен
Јонас Клама – Бергишер (ГЕР)
Тему Таминен – Кокс
Бенџамин Хеландер – Алингсас (ШВЕ)
Макс Гранлунд – Дикен
Робин Гранлунд – ГриФК
Пеик Сјаблом – АИФК
Иан Мартин – Дикен
Оскар Килштет – Варберг (ШВЕ)
Миро Коjонен – Фјелхамер (НОР)
Ричард Сандберг – ГриФК
Рони Сирјала – Кокс
Себастијан Сакинен – БК46
Фредрик Форс – ГриФК
Оскар Берглунд – АИФК