Филип Додевски се стекна со сертификат од програмата за менаџери на ЕХФ

Членот на Управниот Одбор на Куманово, Филип Додевски се стекна со сертификат од специјализираната програма „Европски ракометен менаџер“ што ја организира Европската Ракометна Федерација.

ЕХФ ја реализира оваа програма во соработка со Универзитетот за Спорт од Келн, Германија, а завршните проекти учесниците ги презентираа за време на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Додевски е еден од ретките во регионот кој успешно ја заврши програмата, а претходно програмата ја завршија менаџери од врвни европски клубови, како што се Кил, Веспрем, Ѓер…

Програмата вклучува менаџирање со играчи, национални тимови, федерации и се одвива на секои две години на англиски јазик, а се состои од пет интердисциплинарни модули.

Секој модул вклучува теоретски и практични делови, кои се учат експерти од различни области, вклучувајќи економија, право, комуникација и психологија. Вкупно се примаат 20 апликанти секоја година, a од Македониja ваков сертификат поседува и Надица Димовска, поранешната дирeкторка на СЦ “Jaне Сандански”.