Ференцварош ја доби битката за Лекаи

Унгарскиот репрезентативец и довчерашен ракометар на Веспрем, Мате Лекаи одлучи да остане во својата татковина и во следните две сезони ќе настапува за екипата на Ференцварош од Будимпешта.

Иако на своја адреса имаше и понуда од амбициозниот Балатонфуреди и од полскиот вицепрвак Висла Плоцк, искусниот ракометар, кој настапува на средната бековска позиција, го одбра Ференцварош, клуб кој освен на домашна сцена ќе игра и во Лига на Европа.

Лекаи имаше договор со Веспрем до 2023 година и се очекуваше да остане во унгарскиот гигант. Сепак, двете страни се договорија спогодбено да биде прекината соработката.

Својата кариера ја започна токму во екипата на Ференцварош. Беше дел и од екипите на ПИК Сегед и Целје. Со Веспрем освои голем број титули, но немаше среќа да ја освои и титулата во Лигата на шампионите.