Феликс Клар заминува од Алборг, следна дестинација Магдебург

Средниот бек на репрезентацијата на Шведска, Феликс Клар, од следното лето ќе ги брани боите на бундеслигашот Магдебург.

25-годишниот Швеѓанец не сака да се бори за минутажа во силната конкуренција со Алекс Палмарсон и Микел Хансен, па реши среќата да си ја бара на друго место.

Клар седум сезони го носеше дресот на Алингсас од каде што потекнува пред во 2020 година да се пресели во Данска.

Покрај него, следното лето од Алборг ќе замине и десниот бек Лукас Сандел, кој ќе ги брани боите на Веспрем.