Фатални совпаѓања: Двајцата беа Кубанци кои добија европски пасош, починаа поради срцеви проблеми

Голманот на Порто, кој ја загуби битката откако мина неколку дена во болница после срцевиот удар за време на тренинг, Алфредо Кинтана и понатаму се наоѓа во центарот на вниманието на голем дел медиуми,а најновата приказна доаѓа после наоѓањето на сличности за неговата смрт со смртта на уште еден голман, Владимир Риверо.

И двајцата се по потекло од Куба, а својата кариера ја развиваа на европско тло. И двајцата беа и голмани, кои беа натурализирани, а починаа на иста возраст од 33 години.

„Владимир беше одличен голман, голем талент. Кога ми рекоа дека починал помислив дека се работи за убиство бидејќи тој беше многу здраво момче со добра физичка подготвеност. Не можев да верувам. Тоа предизвика огромна болка. Загрижувачки е тоа што им се случува на спортистите откако ќе наполнат 30 години. Ова е огромна загуба и за кубанскиот и за португалскиот спорт. Навистина е многу болно“, вели легендата на ракометот во Куба, Хулио Фис.

Риверо почина непосредно после добивањето на државјанство на Унгарија. Не успеа да настапи бидејќи почина кратко време пред да дебитира поради аневризма на аортата.

За Кинтана е познато дека почина на неполни 33 години за време на тренинг во Порто. Тој поради срцев удар остана без воздух 45 минути што предизвика проблеми на мозокот и после неколку дена во кома почина така што дојде до уште една трагедија.

И тој исто како и Риверо никогаш се немал пожалено на никакви здравствени проблеми и постојано бил одлично подготвен на физички план и еден од најподготвените во тимот.