Фарски Острови веќе не се чудо – уште еден меч ги дели до историски пласман на ЕП!

Селекцијата на Фарски Острови славеше против Украина со 33-26 во петтото коло од квалификациите за ЕП 2024 и можеби го направи клучниот чекор кон историски прв пласман на континентален собир.

На овој меч фантастична партија имаше идниот член на Кил, Елијас Елефсен а Скипаготу, кој постигна 13 погодоци, додека Дмитро Хориха имаше десет за Украина.

Сепак во оваа група само Австрија со 10 бода на првото место е со сигурен пласман на ЕП. Романија и Фарски Острови имаат по четири бода, додека Украина има два.

Во последното коло Австрија ги пречекува Фарски Острови, додека Украина игра дома со Романија и лесно може да се случи да има три селекции со по четири бода, па мини табелата да решава за ЕП.

Холандија славеше на гости кај Белгија со 28-23, откако и на полувреме водеше со 17-10, и обезбеди место на континенталниот собир заедно со Хрватска, со која имаат по седум бода.