Фантастична партија на Митревски, 18 минути не прими гол!

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше фантастична партија на голот на Порто.

Натпреварот од второто коло од португалскиот шампионат против Маиа Исмаи, Порто го доби на гости со убедливи 12-31.

Митревски не прими гол цели 18 минути, а на крајот собра дури 20 одбрани и беше прогласен за МВП на дуелот.

Порто загуби од Елверум во првото коло во ЛШ на домашен терен, а во вторник ќе игра против Мешков Брест.