Фабрегас заминува од Барса, следна дестинација Веспрем!

Францускиот репрезентативец Лудовик Фабрегас ќе ја напушти Барселона по истекот на актуелниот договор во 2023 година, пишува „Радио Каталуња“.

Преговорите меѓу двете страни за нова соработка, која очигледно не вроди со плод, па следната дестинација на кружниот напаѓач ќе биде унгарскиот гигант Веспрем.

Според шпанските медиуми, главна причина за преселбата во Веспрем, лежи во финансиските услови.

На крајот на оваа сезона од Барса заминува Јусуф Бен Али, но од следната сезона во ростерот се враќа повредениот Португалец Луис Фраде, па шпанскиот тим ќе биде безбеден на линијата од шест метри, но само додека да замине Фабрегас следното лето.

Доаѓањето на Фабрегас во Веспрем, веројатно ќе значи и крај на соработката со Андреас Нилсон, бидејќи следната сезона во унгарскиот тим се сели Драган Пешмалбек.