Уште пред една година најави пензионирање, но ќе игра до 2024!

Голманот, Микаел Робин, кој во 2021 година најавуваше крај на ракометна кариера, па мораше да го одложи пензионирањето, откако доби фантастична понуда од Нант, и во следната сезона ќе биде активен на терените.

Робин од Нант се сели во Сент Рафаел, клуб во кој ќе настапува наредните две сезони, односно до лето, 2024 година. Раководството на Сент Рафаел го потврди трансферот на Робин преку клупската страна и го најави како големо засилување, кое ќе биде од голема помош за тимот кој претрпе поголеми промени.

Во својата кариера, Робин настапуваше за повеќе домашни клубови во Франција. Во француската репрезентација играше две години, од 2007 до 2009. Беше дел и од Барселона, но во каталонскиот гигант мина краток временски период.

Искусниот голман минутажата меѓу стативите ќе ја дели со прославениот голман Винсент Жерар. Освен Робин и Жерар, Сент Рафаел за новата сезона ангажираше уште неколку засилувања, меѓу кои и Ник Хенигман од ПИК Сегед.