Уште не почна сезоната, Барса го освои првиот трофеј

Каталонскиот гигант Барселона веќе го освои првиот трофеј пред стартот на новата сезона во Шпанија.

Барселона без проблеми стигна до трофејот во Суперкупот на Каталонија, откако го победи Гранољерс со убедливи 14 гола разлика, 44-30.

Најдобар стрелец на средбата беше Лудовик Фабрегас кој постигна девет погодоци, а ова беше 22 трофеј за каталонците во историјата на натпреварувањето, а деветти по ред.

Барселона повторно ќе игра со Гранољерс следниот викенд, на 3 септември, но во рамките на 1 коло од Асобал лигата.