Уште еден ракометар стана македонски зет (ФОТО)

Уште еден поранешен ракометар на Металург, стана македонски зет. По Словенецот Александер Шпенде, кој се ожени со Марија Гајиќ, неговиот сонародник Тадеј Матијашиќ ја побара за сопруга Зорица Зои Блажева.

Словенечкото лево крило уште додека играше во тимот од Автокоманда е во врска со Блажева, а сега решија да ја крунисаат љубовта која трае повеќе од четири години.

По заминувањето од Металург, Матијашиќ се врати во родната Словенија и кратко беше член на тимот на Kопер, пред да направи нов трансфер.

Во моментов е член на германскиот Сул, а во Германија му се придружи и Блажева, која по музичката кариера, реши да се посвети на шминкерство.

„Кажав ДА на човекот кој што ме прави да се чуствувам посебна, кажав ДА на среќата, кажав ДА на љубовта , кажав ДА на еден нов живот во кои ќе има само убавини …. Те сакам највеќе на цел свет“, напиша Блажева.