Уште еден ракометар го напушта Металург: Маријан Мариќ се сели во Австрија

После заминувањето на Михајло Младеновиќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ од тимот на Металург си заминува уште еден ракометар, а се работи за интернационалецот од Хрватска, Маријан Мариќ.

Бекот кој е поранешен младински репрезентативец на Хрватска не се наигра во последна сезона, а втора година го носи дресот на екипата од „Автокоманда“ каде дојде од составот на Зрињски од Мостар.

Тој кариерата ќе ја продолжи во првенството на Австрија, а негов следен клуб ќе биде Алпла Хард.

Голема е веројатноста дека ова не е последното заминување од Автокоманда бидејќи до крајот на предниот рок може уште некој од ракометарите од актуелниот состав да ги напушти „металурзите“, па неивесно е со каков состав ќе располага Металург за пролетната полусезона.