Уште еден позитивен играч, ПСЖ дополнително ослабен против Барса!

Откако средниот бек Лук Стеинс не ни допатува во Келн, денеска беше утврдено дека францускиот ПСЖ ќе остане без услугите на уште еден играч, чие име не е откриено.

На вчерашните тестирања, во ПСЖ имаше еден позитивен случај, а исто беше позитивен и еден од арбитрите, чиј идентитет исто така не е откриен.

Тие двајца веќе се во изолација, а утринава беа извршени нови тестирања на членовите на ПСЖ и сите резултати се негативни.

Затоа локалните власти му дозволија на францускиот тим да настапи на мечот со Барселона, кој се игра од 18:00 часот во „Ланксес Арена“.

Од 20:30 во второто полуфинале ќе играат Веспрем и Кил, а на овој дуел делегат ќе биде Драган Начевски.

Непријатни вести за Раул: ПСЖ без замената за Карабатиќ во Келн!