Непријатни вести за Раул: ПСЖ без замената за Карабатиќ во Келн!

Тренерот на ПСЖ, Раул Гонзалес се соочува со големи проблеми пред пресметката од полуфиналето на Ф4 турнирот во ЛШ против Барселона.

Шпанскиот стратег нема да смета на холандскиот плејмејкер Лук Стеинс, кој на тестирањето на коронавирус пред патувањето во Келн бил позитивен.

Тој мораше да остане во изолација во Париз, па Раул ќе мора да комбинира со некој од левите бекови на средната бековска позиција.

Стеинс дојде како замена за повредениот Никола Карабатиќ и прикажуваше одлични партии, но ПСЖ сега ќе мора и без него.

Дуелот против Барселона се игра од 18:00 часот, додека второто полуфинале меѓу Веспрем и Кил е на програмата од 20:30 часот.