Уште еден откажан натпревар во Лигата на Европа!

Францускиот Екс Ан Прованс, поради позитивните случаи на Ковид-19 во тимот, побара одложување на првиот натпревар од двомечот со Бидасоа Ирун во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Тој дуел требаше да се игра на 29 август во Екс Ан Прованс, но ракометарите и стручниот штаб се во изолација на две недели.

Иако ЕХФ го прифати барањето, на тоа не се согласи шпанскиот тим, кој има натпревар од Асобал лигата на 2 септември и нема следен термин во кој може да игра, па дуелот во Екс Ан Прованс е откажан.

Затоа ЕХФ реши овој двобој да биде решен само со еден натпревар што ќе се одигра на 5 септември во Ирун. Победникот од тој натпревар ќе се пласира во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.