Уште еден клуб пријави позитивни на корона

После денешното објавување на информацијата дека тимот на КЛ 7 има 16 позитивни членови на коронавирус уште еден клуб објави дека при тестирање има двајца позитивни ракометари, но без симптоми.

Се работи за екипата на Радовиш, која играше против КЛ 7 во понеделникот, а во соопштението објавено на нивниот Фејсбук профил стои.

„Ракометниот клуб РК РАДОВИШ ја известува пошироката јавност дека веднаш по натпреварот со РК ГОЛДЕН АРТ од нивна страна сме известени дека имаат позитивни случаеви на Ковид, при што од наша страна се превземени мерки согласно пропишаните мерки и дека во текот на денешниот ден ќе бидат направени тестирања на целиот стручен штаб и играчи.
Согласно протоколот за натпреварување целиот стручен штаб и тим беа тестирани негативни и на повторното тестирање имаме двајца позитивни ракометари без симптоми“.

Радовиш требаше утревечер да гостува во Охрид, тим кој исто така имаше натпревар против КЛ 7 и тоа минатиот петок во Скопје. Како што е веќе познато, Ракометната федерација ги одложи натпреварите од Групата А во следните 15 дена.