Уште еден голман си оди од Загреб – Јандриќ се сели во Франција

Екипата на Кретеј за следната сезона го составува својот тим и денес раководството на клубот објави дека пристигнуваат уште четири нови засилувања.

Ново име во Кретеј е голманот Тодор Јандриќ, кој се смета за голема надеж на српскиот ракомет. Младиот голман оваа сезона го бранеше голот на Загреб од Хрватска и забележа солидно искуство во настапите од Лигата на шампионите.

Пред да потпише за Загреб, четири сезони го носеше сениорскиот дрес на Војводина. Освен за клубот од Нови Сад, Јандриќ беше дел и од екипата на Металопластика.

Освен Јандриќ, во Кретеј ќе пристигнаат и двајцата ракометари од Шпанија, Пабло Паредес од Гвадалахара и Марио Лопез од Бенидорм. Паредес игра на позиција лев бек, но може да се снајде и како среден, додека Лопез настапува на позицијата десно крило.

И двајцата ракометари од Шпанија имаат стекнато солидно исксутво на меѓународна сцена во рамките од Европските купови, но и во Лигата на шампионите. Кретеј во новата сезона ќе биде посилен и со десниот бек на чешката репрезентација, Томаш Пирох. Во Кретеј, Пирох ќе пристигне од екипата на Криенс Луцерн.

Сите четворица ракометари потпишаа двегодишен договор со Кретеј, а постои и опција за продолжување на самите договори доколку раководството на францускиот клуб биде задоволен од нивните настапи. Нов тренер на Кретеј ќе биде досегашниот асистент на Чави Пасквал во Барселона, Фернандо Барбето.