Утре стартува ЕХФ неделата, Лазаров ги собира момците пред Финска и Швајцарија

Репрезентацијата на Македонија утре ќе има нов собир, а истиот е закажан за 8:30 часот во хотел „Русија“, додека тренинзите ќе се работат во СЦ „Јане Сандански“.

На собирот треба да пристигнат речиси сите ракометари, а може да доцни само Миркуловски кој денеска имаше натпревар во Бундес лигата.

Meѓу повиканите има 21 ракометар и од нив ќе треба да се одберат оние што ќе играат на двата последни дуели од квалификациите за ЕП 2022.

Македонија в среда ќе гостува во Рихимаки во Финска, а в недела во Скопје ќе го пречека составот на Швајцарија. И двете средби почнуваат во 17 часот. Со две победи Македонија само ќе го потврди второто место, а сигурно ќе има можност и за повисок пласман при рангирањето пред ждрепката за групите.