Успешен тест за Пролет, во вториот дел го доби дуелот со Прилеп

Ракометарите на Пролет имаа нова успешна контрола, а денеска беа подобри од екипата на Прилеп со 28:25. Ова беше претпоследен дуел за тимот на Пролет пред стартот на сезоната, па тренерот Матлиески ќе може уште еднаш да ги провери ракометарите пред да почне новиот шампионат.

Прилеп се покажа како одличен ривал. Дуелот имаше интересно прво полувреме во кое двете екипи беа израмнети. Првите 30 минути завршија со 12:12, а во вторите 30 минути Пролет успеа да има нешто повеќе од играта и да ги добие со 16:13 за конечни 28:25.

Веќе в петок ракометарите на Пролет ќе имаат нова контрола против тимот на Еурофарм Пелистер 2 така што тука ќе биде последната проверка пред почетокот на новата сезона.