Унгарската легенда Мароси го памети Пелистер и историскиот дуел со Лемго во Битола

Интересен податок голманот на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ откри во викенд-интервјуто за 24Ракомет.

Таткото на неговата сопруга е унгарската ракометна легенда, бекот Ласло Мароси, кој играл за Лемго во сезоната 1995/96 кога клубот се соочил со тогашен Пелистер Еврокар во полуфиналето на Европскиот куп на победници.

Мароси исто така му помогнал на Секељ да сфати каква ракометна историја има клубот.

„Татко на мојата сопруга е Ласло Мароси, унгарски ракометар и репрезентативец, кој играл во Лемго кога Пелистер им бил противник во полуфиналето од Купот на победниците. Тој ми раскажуваше за Битола, за ‘Чкембари’ и за атмосферата, кога се кренал паркетот во салата… Имам голема поддршка од него и добивам одлични совети и тој ми даде добри информации за клубот и градот“, признава голманот.

Уште детали од ракометната приказна на унгарскиот голман прочитајте во продолжение…

ИНТЕРВЈУ МАРТОН СЕКЕЉ: Сакам со титула да испишам историја во Битола