Унгарија ќе ја предводат тренерите на најголемите ривали Ѓер и ФТЦ!

Тренерите на Ѓер и Ференцварош заеднички ќе го предводат националниот тим на Унгарија на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио.

Габор Дани и Габор Елек ќе го наследат на Ким Расмусен на селекторската позиција и ќе го предводат националниот тим до 31 март. Олимписките калификации ќе се играат од 20 до 22 март, а Унгарија ќе игра против репрезентациите на Русија, Кина и Србија. Потоа следуваат квалификациските натпревари за Европското првенство со Црна Гора.

„За мене е голема чест да го водам националниот тим. Олипмисикиот турнир е можност за уште поголема промоција на унгарскиот ракомет. Мислам дека ракометарките ќе дадат се за да го обезбедат билетот за настап на ОИ и да ги израдуваат своите верни навивачи“, изјави Габор Дани.

Претходниот селектор Ким Расмусен поднесе оставка од селекторската позиција откако на Светското првенствот во Кумамото, Јапонија доживеа неуспех.