Унгарија и Шведска со младинските титули на ЕП во ракомет на плажа

Денеска во градот Варна завршија младинските Европски првенства во ракомет на плажа во машка и женска конкуренција.

Кај девојките, титулата ја освои Унгарија, која во финалниот меч беше подобра од Холандија со 2-1 во сетови (20-25, 19-14, 7-4).

Бронзата ја освои Шпанија.

Кај момците, титулата ја освои Шведска, која во мечот за златото славеше над Франција со 2-1 во сетови (21-30, 27-26, 19-18).

Третото место го освои Украина.