Турција сака да организира ЕП, заедничка кандидатура на Чешка и Полска

Европската ракометна федерација објави дека пет федерации покажале интерес за организација на Европското првенство во 2026 година.

Откако Извршниот Комитет на ЕХФ во јуни и ја одзема организацијата на Русија, се чинеше дека е готова работата дека Романија ќе биде домаќин.

Сепак ЕХФ објави дека Романија доби конкуренција, во Турција и Шпанија, кои се приjaвиja за самостоjна организациja, како и во заедничката кандидатура на Полска и Чешка.

До 25 октомври годинава, националните федерации треба да ја испратат апликацијата до ЕХФ.

ЕХФ ќе направи инспекции во ноември и декември, а организацијата на ЕП 2026 година ќе ја додели на 27 јануари 2024 година.