Турнир „Марко Божиновски“: Алкалоид обезбеди полуфинале, Еурофарм Пелистер пресилен за Бутел

На првиот ден од меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ што се игра во чест на прерано починатиот ракометар, се одиграа четири натпревари.

Тимот на Бутел Скопје не успеа да дојде до втор триумф, откако беше убедливо поразен од Еурофарм Пелистер со 18 гола разлика, 38:20 (18:13).

Алкалоид во нерамноправен натпревар немаше проблеми против Аеродром, триумфираше со 48:21 (22:10).

Ракометарите на Алкалоид со победите над Коњух и Аеродром обезбедија пласман во полуфиналето на турнирот.

Во текот на утрешниот ден ќе играат Голден Арт и Еурофарм Пелистер, како и Коњух со Аеродром.

Распоред на натпревари:

Група А: Бутел Скопје, Голден Арт, Еурофарм Пелистер
Група Б: Коњух, Алкалоид, Аеродром

Четврток, 15 јуни

10:00, Бутел – Голден Арт 33:29
12:00, Коњух – Алкалоид 27:30
17:30, Еурофарм Пелистер – Бутел 38:20
19:30, Аеродром – Алкалоид 21:48

Петок, 16 јуни

10:00, Голден Арт – Еурофарм Пелистер
12:00, Коњух – Аеродром

полуфинале
17:30, А1-Б2
19:30, Б1-А2

Сабота, 17 јуни

10:00, А3 – Б3 натпревар за петто место
18:00, Натпревар за трето место
20:00, Финале