Трпчевски и Бургос на чекор до плеј-офот за место во Асобал лигата

Тимот на Бургос, каде што игра македонскиот десен бек Стефан Трпчевски, славеше на гостински терен кај Мадрид во натпревар од 17 коло.

Бургос оствари минимален триумф со 28-27, иако на стартот на второто полувреме губеше и со пет гола разлика, 18-13.

Трпчевски беше стрелец на еден погодок на овој натпревар, а Бургос со новите бодови се најде на чекор до потврда на местото во плеј-офот за Асобал лигата.

Сега Бургос има 18 бодови на третото место на табелата, а последниот натпревар од групата ќе го одигра дома против Замора и со победа официјално ќе биде промовиран во патник во плеј-офот.