Тројца Грузијци од македонската Суперлига ќе се борат за мундијалски бараж

Тројца ракометари од македонската Суперлига, се најдоа на списокот на селекторот Никола Максимовиќ за настап за селекцијата на Грузија во претстојните квалификации.

Двајцата металурзи, десното крило Реваз Чантурија и средниот бек Иракли Кбилашвили, како и членот на Охрид, Лексо Цителишвили ќе одиграат пет меча за десетина дена.

Грузија ја чека квалификациски турнир за СП во 2021 година во Египет, како и бараж за место во квалификациите за ЕП 2022 година во Унгарија и Словачка.

На турнирот во Италија, Грузија ќе игра со домаќинот, Косово и Романија за место во баражот за СП, додека ја чека и двомеч со Финска за место во квалификациите за следното ЕП.