Трофеи за Веспрем и ПСЖ

На последните турнири пред официјалниот старт на сезоната, трофеи освојуваа унгарскиот Веспрем и францускиот ПСЖ.

ПСЖ во финалето на „Евро турнир“ во Стразбур, славеше против Нант со еден гол разлика, 30-29.

Претходно избраниците на Раул Гонзалес остварија победа над Порто со 31-28. Елохим Пранди од ПСЖ беше избран за МВП на турнирот.

Веспрем по полуфиналната победа над Флеснбург, во финалето на роденденскиот турнир триумфираше над Кил со 34-27.

МВП на турнирот во Веспрем беше Јим Готфридсон од Фленсбург, најдобар стрелец Омар Јахија, додека најдобар голман беше Родриго Коралес.