Три ракометарки од кадетскиот тим на Вардар се селат кај сениорките

Екипата на Вардар за новата сезона доби три ракометарки од кадетскиот погон. Со оглед на тоа што дел од најдобрите ракометарки ја напуштија екипата, ваквиот чекор беше неопходен.

Во првата вардарова екипа ќе пристигнат трите ракометарки од кадетскиот тим, Наталија Максимовска, Бојана Радевска и Борјана Коцева.

Одличните настапи во кадетската екипа на Вардар која е предводена од двете поранешни македонски репрезентативки, Анжела Платон и Марија Папуџиева беше повод за нивно прекомандување во сениорската екипа. Сите три ракометарки се наоѓаат на кадетскиот репрезентативен список кај селекторот, Љубомир Савевски.

Не е исклучена можноста уште неколку ракометарки од младинските селекции на Вардар да бидат прекомандувани во сениорскиот тим.

Во новата сезона, Вардар освен на домашна сцена ќе настапува и во Европа.