Трио засилувања за Драчево – дојдоа Шумоски, Таневски и Димчевски

Тимот на Драчево полека го склопува играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона во прволигашката конкуренција.

Драчевци досега ангажираа тројца нови ракометари, што треба да му помогнат на клубот да обезбеди промоција во елитното друштво.

Станува збор за Бојан Шумоски, кој доаѓа од Македонија Ѓорче Петров, потоа Благој Димчевски кој играше за Скопје, како и Никола Таневски од Аеродром.

Шумоски ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот на Велимир Настески на левата бековска позиција, Димчевски е кружен напаѓач, додека Таневски настапува на голманската позиција.

Допрва Ракометната федерација на Македонија треба да ја потврди точната бројка на учесници во Првата лига и системот на натпреварување.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!