Тримо се раздели со Македонецот, Ончев се враќа дома (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Тоше Ончев кој настапуваше за словенечкиот Тримо Требње на левата бековска позиција го напушта клубот после една сезона.

Ончев имаше многу добри настапи во дресот на Тримо и постигна многу значајни погодоци што раководството на словенечкот клуб го испочитува.

Тримо Требње и раководството на клубот му се заблагодарија на Ончев за сè што стори за клубот и му посакаа среќа во кариерата во иднина.

Македонскиот интернационалец најверојатно од лето се враќа во татковината.