Тридневна жалост во Македонија, се одложува стартот на Суперлигата!

Владата на Република Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава, во знак на сочувство кон семејствата на трагично загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре, а тоа значи дека ќе биде одложен стартот на Суперлигата и натпреварите од првото коло.

Шесте средби од првото коло што требаше да се играат денеска, ќе се одиграат в недела, додека оние од второто коло што требаше да се играат претстојниот викенд, ќе бидат на програмата следните среда и четврток.

Третото коло ќе биде одиграно како што беше планирано според првичниот распоред следниот викенд.