Тренчевски и Крстевски останаа без Куп финале во Финска

Тимот на АИФК, каде што настапуваат двајца македонски интернационалци, остана без финале во Купот на Финска.

Александар Тренчевски и Илија Крстевски со АИФК беа поразени во полуфиналето од Купот на Финска од фаворизираниот тим на БК-46.

БК-46 предводена од најдобриот фински ракометар Нико Ронберг, славеше против АИФК со 38-26, а победата ја обезбеди уште во првиот дел кога беше 20-12.

Кружниот напаѓач од Македонија на овој натпревар погоди два пати, додека десното крило стрелаше еднаш.

Ривал на БК-46 во финалето и борбата за трофејот во Купот на Финска ќе биде тимот на Рихимаки Кокс, кој го елиминира ХИФК.