Тренерот на Балатонфуреди позитивен, ќе има ли натпревар во Словенија?

Пред одигрувањето на средбите од Лигата на Европа тимовите мораат на задолжително тестирање на коронавирусот, а веќе се појавија првите проблеми. Ги има тимот на Балатонфуреди од Унгарија каде сите мораат во карантин бидејќи тренерот на тимот е позитивен.

Поради ова е доведен во прашање натпреварот кој требаше да се игра во Словенија, па сега на потег е ЕХФ.

Може да се очекува одлука во која Тримо Требње ќе го добие овој двобој службено, но останува тоа да се почека од ЕХФ каде мор да се донесе одлука.

Веднаш по дознавањето за веста дека има позитивен во тимот сите беа ставени во карантин и поради ова најверојатно нема да има двобој во Лигата на Европа. Засега е јасно дека натпреварот е под прашалник, а денеска се очекува одлука од ЕХФ.