Трајчевски: Искуството е на страната на Бутел, но наша предност е домашниот терен

Ракометарите на Прилеп утре на свој терен го пречекуваат Бутел Скопје во рамки од првото коло од новата сезона во Супер лигата.

Прилепчани пред својата публика ќе бидат мотивирани да го изненадат скопскиот тим, кој исто така направи промени во играчкиот и стручниот штаб.

Еден од новите играчи во Прилеп, кружниот напаѓач Томче Трајчевски, ги сподели своите очекувања за утрешниот дуел против Бутел Скопје.

,,Во првото коло се среќаваме со екипата на Бутел Скопје каде фаворитската улога им припаѓа нив, со оглед на тоа што редовно играат во плеј-офот, така што не очекува еден тежок натпревар. Оваа година во Прилеп дојде до промена на тренерската позиција, исто така и големи промени во играчкиот кадар, ние сме една млада, амбициозна екипа и ќе се обидеме да го изненадиме фаворитот. Искуството на екипата на Бутел Скопје ќе игра голема улога во овој дуел, но ние влегуваме со голема мотивација во натпреварот, голема предност е што играме на домашен терен пред нашата публика”, изјави Трајчевски.

Младиот ракометар вели дека тимот на Горан Кузманоски е опасен од сите позиции.

,,Добро ја анализиравме екипата на Бутел Скопје и добро се подготвивме за оваа екипа, опасноста доаѓа од сите позиции и мора да бидеме фокусирани и мотивирани со цел да оствариме позитивен резултат. Атмосферата во тимот е одлична како во сала така и надвор од теренот. Јас како еден од новите играчи во тимот бев многу добро прифатен од моите соиграчи. Во подготвителниот период одигравме неколку пријателски натпревари и настапивме на меморијалниот турнир “Миле Нешкоски”, каде што иако само на првиот натпревар бевме комплетни, сепак, покажавме задоволителна игра и успеавме да постигнеме солиден успех и да го освоиме третото место”, заврши Трајчевски.

Дуелот меѓу Прилеп и Бутел Скопје ќе се одигра в недела (10 септември) во спортската сала при СОУ “Ристе Ристески-Ричко” со почеток од 19:00 часот.

Велески: Со поддршка од публиката веруваме во изненадување против Бутел