ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Eкс вардарка останува во Грција, Ѓукиќ си оди од Металац, Барош не мрда од Бузау

  • Шампионот на јужниот сосед на Македонија, ПАОК од Солун, се засили со среден бек пред настапот во Лигата на Европа. Постигнат е договор со Хрватката Селена Милошевиќ, која беше претходно членка на Подравка и на Макаби Рамат Ган.
  • Данскиот вицепрвак Алборг објави дека десниот бек Кристијан Термансен ќе оди на позајмица во второлигашот Скиве. Тука се Мартин Ларсен и Мадс Хокснер, а од Порто дојде Џек Турин, па Термансен немаше да има доволно минутажа.
  • Руската голманка Нигина Саидова, која во минатото го носеше дресот на Вардар, го продолжи договорот со тимот на ГАС Артас од Грција за уште една сезона. Таа бранеше во Скопје од 2013 до 2015 година, пред да замине во грчкиот Јонијас.
  • Поранешното десно крило на Еурофарм Работник и Еурофарм Пелистер, Милан Ѓукиќ, по една сезона заминува од српскиот тим Металац Краљево. Ѓукиќ четири сезони играше во Битола, а претходно беше дел од Мешков Брест, Војводина, Борац, Раднички Крагујевац, Железничар…
  • Португалскиот интернационалец Серхио Барош, кој една сезона од кариерата мина во Еурофарм Работник, ја продолжи соработката со романскиот Бузау и за следната сезона. По настапите за Белененсес и Спортинг Лисабон, како и францускиот Мулуз, Барош дојде на една сезона во Битола – 2016/17, а потоа играше за турската Бурса, шпанскиот Анхел Хименез две сезони, пред да се пресели во романскиот Темишвар.