ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Чуприна оди во Русија, Галиа ќе игра уште една сезона, Татран донесе шпанско крило

  • Голманот на Целје, Милјан Вујовиќ, го продолжи договорот со словенечкиот првак на уште две сезони и ќе остане во клубот до 2023 година.
  • Српската репрезентативна голманка Катарина Томашевиќ, ќе го продолжи да го брани голот на унгарскиот тим Сомбатељ и во следните две сезони, односно до 2023 година.
  • Данскиот голман на Елверум, Торстен Фрајс, по прекинот во Норвешка, до крајот на сезоната ќе настапува за францускиот Истр, кој го пријави како „медикал џокер“.
  • Средниот бек Борис Пуховски ќе остане во украинскиот првак Мотор Запорожје и во следните две сезони. Белорусинот игра за Мотор од 2015 година.
  • Голманот на Сесон Рен, Рок Запоншек, до крајот на сезоната ќе го брани голот на францускиот Екс ан Прованс, а од лето се сели во швајцарскиот Криенс Луцерн, со кој потпиша на три сезони.
  • Украинскиот тренер Сергеј Бебешко во наредната сезона ќе биде тренер на рускиот тим Таганрог. Во овој состав ќе настапува и голманот од Татран Прешов, Игор Чуприна.
  • Голманката Филипа Иден по само една сезона заминува од романската Баја Маре. Швеѓанката поптиша договор на две години со данскиот Силкеборг. Во Баја Маре доаѓа голманката од ЦСКА Москва, Елена Уткина.
  • Чешкиот репрезентативен голман Мартин Галиа не планира да ја заврши кариерата. 42-годишниот чувар на мрежата го продолжи договорот со полскиот Горњик Забже на уште една сезона.
  • Белоруската репрезентативка Наталија Василевскаја од лето ќе стане ракометарка на Глорија Бузау, каде што играат Елена Ливриниќ и Марија Штериова. Таа во моментов игра за Бистрица, а претходно беше дел од Валчеа.
  • Словенечкиот репрезентативец Грегор Поточник останува во Тримо Требње. Средниот бек ја продолжи соработката на уште една сезона.
  • Левиот бек на Железничар од Ниш, Марко Милосављевиќ, од следната сезона се сели во Асобал лигата. Тој потпиша договор на три сезони со шпанскиот Адемар Леон, кој во меѓувреме се засили и со бразилскиот пикер од Таубате, Гиљерме Сантистој.
  • Некогашната холандска репрезентативка, Ивет Брох, која лани се врати на ракометните терени во францускиот Мец, потпиша договор на две сезони со романскиот тим ЧСМ Букурешт.
  • Словачкиот шампион Татран Прешов, по Вјачеслав Касаткин, донесе уште едно засилување за следната сезона. Станува збор за левото крило на шпанската екипа Куенка, Серхио Лопес.