ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Хорват продолжи со Дабас, Пуховски останува во Нови Сад, ГОГ на шопинг во Фленсбург

  • Данскиот шампион ГОГ Гудме за следната сезона го ангажираше левиот бек Арон Менсинг, кој во моментов е дел од бундеслигашот Фленсбург. На неговата позиција доаѓа Симон Питлик од ГОГ, а Менсинг оди во спротивна насока во Данска.
  • Десниот бек на Фленсбург, Франц Цемпер, една година пред истекот на договорот ќе си замине од екипата. Следната дестинација на 25-годишниот германски репрезентативец ќе биде Лајпциг со кој потпиша до 2026 година.
  • Војводина го продолжи договорот на уште една сезона со белорускиот организатор на играта Борис Пуховски. 36-годишниот среден бек игра во одлична форма во Нови Сад и раководството му понуди нова соработка.
  • Унгарскиот клуб Дабас објави дека е продолжена соработката со 38-годишниот Златко Хорват. Десното крило се пресели во Унгарија од Металург пред година и пол и за 39 меча постигна 171 погодок.