Францускиот Тулуз каде што тренер е Данијел Анѓелковиќ, го донесе 18-годишниот десен бек Урош Митровиќ, кој играше за австрискиот Брегенц и полската Висла Плоцк. Тулуз станува српска колонија бидејќи таму се Немања Илиќ и Алекса Колаковиќ.
Српскиот шампион Војводина го пополни својот ростер со ангажманот на тунискиот кружен напаѓач Маруан Шуриеф. Тој доаѓа од францускиот Трембле, а освен во татковината играше и за турскиот Гозтепе.
Официјалниот сајт на Висла Плоцк објави дека е потпишан договор на две сезони со можност да биде продолжен за уште две, со младиот Белорусин Никита Баранов. Тој беше најдобар стрелец во Втората лига на Полска минатата сезона.
Шпанскиот Синфин Сантандер објави дека е постигнат договор со германскиот десен бек Лукас Бем. 29-годишниот Бем играше за Вурзбург во Втората Бундес лига и од 2016 година во оваа конкуренција даде 247 меча.
Словачкиот Татран Прешов се засили со францускиот лев бек Адама Сако, кој доаѓа од шпанскиот тим Бургос. Тој ќе биде замена за капитенот Оливер Рабек, потекнува од Трембле, а има настапувано и за Иври.