ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Томори се врати во ФТЦ, Бауер останува во Олимпијакос, Елверум го задржа тренерот

  • Освојувачката на титулата европски шампион пред неколку дена, Жужана Томори, го напушта норвешкиот Кристијансанд. Таа по седум години се враќа во унгарскиот шампионат, откако потпиша за Ференцварош.
  • Австрискиот интернационалец Томас Бауер, го продолжи договорот со шампионот на јужниот сосед Олимпијакос. Ветеранот се врати во јужниот сосед по авантурата во катарскиот Ал Рајан, откако претходно ги бранеше боите на АЕК Атина.
  • Тренерот на Елверум, Борге Лунд, го продолжи договорот со норвешкиот првак за уште три сезони и треба да остане во клубот до 2025 година. Елверум води во финалната серија за титула со Арендал со 2-1 и се наоѓа на чекор до одбрана.
  • Некогашната ракометарка на Вардар, Алена Ихнева, го продолжи договорот со турската екипа Коњалти. Русинката игра заедно со двете македонски интернационалки – Моника Јанеска и Ивана Гакидова.
  • Голманот на Вецлар, Анадин Сулјаковиќ, го продолжил договорот со бундеслигашот до 2026 година. 23-годишниот чувар на мрежата дојде во Вецлар од катарскиот Ал Ахли, а претходно беше дел и од тимот на Ауе.