Словачкиот шампион Татран Прешов продолжува да го реконструира тимот за наредната сезона, а најново засилување е кубанското лево крило кое четири сезони играше за португалската Хорта – Павел Кабаљеро Ернандез.
Унгарската Татабања иако имаше големи финансиски проблеми во текот на минатата сезона, сепак почнува со склопување на тимот за идната – нови договори потпишаа десниот бек Габор Анчин, Адам Јухас, Матијас Ѓери и Адријан Сипос.
Словачкиот голман на унгарскиот Чурго, Рок Запоншек, заминува од овој клуб и во следните две сезони ќе го брани голот на францускиот Сесон Рен, за кој веќе потпиша членот на Келце – Ромарик Гуијо.
Хрватскиот пикер Леон Вучко, кој последните три сезони ги бранеше боите на Татран Прешов од идната сезона ќе игра за францускиот второлигаш Стразбур.
Левото крило на Кристијанштад, Виктор Хален, заминува од овој клуб и од идната сезона ќе настапува за локалниот ривал Луги.
Францускиот Трембле ги продолжи договорите со голманот Патрис Аноне, пикерите Маруан Чуриеф и Михал Копчо, десните крила Педро Портела и Реида Резуки, како и средниот бек Хенрик Олсон.