Средниот бек на ПСЖ и на холандската репрезентација, Лук Стеинс, потпиша нов договор со францускиот шампион и ќе остане во составот предводен од Раул Гонзалес до 2026 година.
Некогашниот десен бек на Металург, Владан Липовина, по три сезони минати во тимот на Балинген, заминува од бундеслигашот, кој испадна во Втората лига. Липовина претходно играше за Вецлар, Хутенберг и Рајн Некар Левен.
Актуелниот освојувач на Купот на Португалија, Спортинг Лисабон, го донесе второто засилување за наредната сезона. По Патрик Валчак, нов играч на тимот од Лисабон е левото крило од францускиот Трембле, Етиен Моке.
Освојувачот на Лигата на Европа, португалската Бенфика, остана без левото крило Мамаду Кеита. Французинот кој претходно играше за Иври, потпиша договор на една сезона со шпанската Ла Риоха.
Финскиот тим Кокс се засилува за следната сезона, а најново име на листата е францускиот лев бек Едсон Имаре. Французинот потекнува од Нант, а настапуваше за Маси и Данкерк.