ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Спартак на шопинг во Унгарија, решен е да ги симне „мечките“ од врвот

  • Средниот бек Сања Премовиќ, ќе настапува за трет клуб оваа сезона. По Будуќност и Кишварда, Црногорката се пресели во Хувента Михаловце од Словачка.
  • Белорускиот репрезентативец од Чурго, Олег Астрашапкин, од следната сезона ќе го носи дресот на рускиот Спартак Москва и ќе биде шестиот нов играч во овој клуб кој има сериозни намери да го украде престолот од Чеховски Медведи.
  • Бундеслигашот Бергишер купи пикер од германската Трета лига, а станува збор за младинскиот германски репрезентативец од Хаген, Том Бергнер.
  • Германската Борусија Дортмунд ги продолжи договорите со пет ракометарки на една сезона – Кели Дулфер, Рика Дуијндам, Ингер Смитс, Кели Волебрегт и Дана Блекман.
  • Романскиот шампион Валчеа е блиску до потис на договор со Евгенија Миневскаја од Брест и норвешкиот кружен напаѓач од Битигхајм, Марен Ардал.
  • Германскиот Турингер донесе две засилувања – голманката од Австрија Петра Блажек и кружниот напаѓач Инес Куилди од Тунис.
  • Словенечката репрезентативка Тјаша Станко на крајот на сезоната заминува од Подравка и се сели во францускиот Мец со кој потпиша на две години.