ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Слишковиќ во Штутгарт, ПСЖ го врза Шипжак, Агинагалде ќе игра уште една сезона

  • Хрватскиот лев бек Иван Слишковиќ замина од португалскиот шампион Порто и негова следна дестинација ќе биде бундеслигашот Штутгарт. Слишковиќ потпиша договор на една сезона.
  • Шпанскиот ветеран Хулен Агинагалде не планира да ја заврши кариерата. Кружниот напаѓач ја продолжи верноста кон составот на Бидасоа и ќе остане таму и следната сезона.
  • Полскиот репрезентативец Камил Шипжак по одличните партии оваа сезона доби нов договор со францускиот првак ПСЖ. Актуелниот истекуваше на крајот на следната сезона, а сега е продолжен за уште две, односно до 2025 година.
  • Израелскиот голман Јахав Шамир по заминувањето од швајцарскиот тим Фади Винтертур се пресели во Бундес лигата. Тој потпиша договор со тимот на Минден на две сезони.
  • Некогашната репрезентативка на Франција, Рафаел Тервел, ќе му биде асистент тренер на Мартин Амброш на клупата на унгарскиот Ѓер. Тервел своевремено беше дел од Ѓер две сезони.