ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Рамел продолжи со Бенфика, бразилски пивот во Татран, Рантала во европскиот првак

  • По заминувањето на Андреј Трнавац во Војводина, тимот на Партизан неговата замена ја најде во големиот ривал Црвена Ѕвезда, а тоа е Димитрије Јелиќ, кој ќе им се придружи на Стефан Христоски и Иван Михајлов.
  • Германското десно крило Оле Рамел, кој веќе три сезони ги брани боите на португалската Бенфика, ja продолжи соработка и ќе му биде соиграч на Филип Талески претстојната сезона.
  • Искусниот српски интернационалец Стефан Илиќ се врати во српскиот шампионат и потпиша за Динамо Панчево, кој ќе игра на Струшкиот турнир. 31-годишниот лев бек играше во Израел, Катар, Норвешка, Унгарија…
  • Некогашната данска голманка Лене Рантала, ќе му биде асистент тренер на Томаш Главати во европскиот првак Вајперс Кристијансанд. Рантала ја паметат повозрасните љубители на ракометот од дуелите на Кометал ЃП и Ларвик.
  • По Французинот Адама Сако, словачкиот вицепрвак Татран Прешов кој ќе биде дел од турнирот во Охрид, донесе ново засилување. Станува збор за бразилскиот пивот Лукас Аракса, кој минатата сезона играше заедно со Стефан Трпчевски во Бургос.